Заробениот Гбагбо повика на крај на борбите на Брегот на Слоновата Коска

Лаурент Гбагбо по апсењето

Лаурент Гбагбо повика на ставање крај на борбите на Брегот на Слоновата коска неколку часа откако беше уапсен во Абиџан. Речиси 4 месеца тој одбиваше да му ја предаде власта добиена на избори на меѓународно признатиот Претседател Аласан Оуатара во оваа бивша француска колонија во Западна Африка.
Според портпаролот на Гбагбо, тој бил заробен од француските војници а потоа бил предаден на опозицијата. Неговото заробување го поздравија ОН и САД.