Белоруското КГБ ќе ги лови виновниците за експлозијата во Минск

Минск - 11 Април

Властите на Белорусија ветија дека ќе ги гонат виновниците за експлозијата во метрото во Минск во која вчера загинаа 12 лица а речиси 150 се повредени.
Белоруското КГБ соопшти дека 22 лица се серизоно ранети при експлозијата, која за Обвинителството ја окарактеризира како терористички акт.
Според Претседателот Александар Лукашенко, целта е да се дестабилизира земјата. Тој не ја отфрли вмешаноста од странство.