ММФ прогнозира раст на Македонија од 3 проценти

Директорот на ММФ Доминик Штраус Кан

Според ММФ, на Балканот највисок стопански раст од 3,3 отсто ќе забележи Албанија. Еконимиите на Македонија и Србија во 2011 година ќе остварат раст од три проценти. Во најновата прогноза за овогодишните економски текови на ММФ се наведува дека Хрватска ќе забелжи економски раст од 1,3 насто, а Словенија два проценти.
Што се однесува до стапката на инфлација, експертите на ММФ предвидуваат дека таа во Македонија оваа година ќе изнесува 5,2 насто, додека највисока инфлација на Балканот се прогнозира за Србија и тоа од 9,9 проценти.