Москва - 50 години од првата човечка мисија во Вселената

Во Москва се одржуваат свечености по повод 50-годишнината од првата човечка мисија во Вселената, односно испраќањето на советскиот Космонаут Јуриј Гагарин во 108-минутна обиколка на Земјата. Претседателот Дмитриј Медведев ќе го посети рускиот Вселенски контролен центар и по видео-врска ќе им се обрати на космонаутите на Меѓународната вселенската станица во која се и руски космонаути.