Обама го поздрави апсењето на Гбагбо

Поранешниот лидер на Брегот на Слоновата Коска Лаурент Гбагбо

Американскиот претседател Барак Обама го поздрви апсењето на поранешниот лидер на Брегот на Слоновата Коска Лаурент Гбагбо и окончувањето на нелегитимните претензии на поранешниот претседател на таа земја. Во соопштението од Белата Куќа е наведено дека Обама ги повикува сите вооружени сили да го положат оружјето и да ја признаат војската под раководство на избраниот претседател Аласан Оутара. Генералниот секретар на Обединетеиет НАции Бан Ки Мун изјави дека политички застој кој предизвика непотребен конфликт заврши, и дека Обединетите Нации ја подржуваат новата влада. Претходно , потпаролот на Гбагбо соопшти дека француски војници го уапсиле Гбагбо, кој досега одбиваше да ја предаде претседателската функција на меѓународно признатиот победник на изборите Аласан Оутара. Од Француската амбасада во земјата, пак, изјавија дека апсењето го извршиле силите лојални на Оутара.