Шмит: Нема никаква пречка да и се даде датум за преговори на Македонија

Пал Шмит

Република Унгарија стопроцентно стои зад Република Македонија и на дневен ред на следната седница на Советот на Европската унија ќе го постави прашањето за добивање датум за почеток на пристапните преговори. Ова е пораката што унгарскиот претседател Пал Шмит денеска на тет-а-тет средбата во Будимпешта му ја пренесе на македонскиот колега Ѓорге Иванов, јави известувачот на МИА. „Нема никаква пречка да се донесе одлука за да се даде датум за почнување преговори зашто тие може да траат три или четири години и во текот на тој период да се најде решение за проблемот. Проблемот со името треба да се реши, но може да се даде одлука за давање датум за почеток на преговорите“ изјави Шмит по средбата со Иванов.Не е фер, напомена Шмит, земја како Македонија да биде отстранета од целиот регион само поради вакво прашање.