Уапсен Лорен Гбагбо во Брегот на слоновата коска

Лорен Гбагбо

Лидерот Лорен Гбагбо бил уапсен денеска во неговата резиденција на Брегот на слоновата коска по четиримесечен политички застој и немири во западноафриканската земја. Како што јави новинската агенција Ројтерс, француски војници го уапсиле Гбагбо, кој одбиваше да ја предаде претседателската функција на меѓународно признатиот победник на изборите Алсан Утара. Од Француската амбасада во земјата, пак, изјавија дека апсењето го извршиле силите лојални на Утара.