Осуден блогер во Египет поради критики за војската

Блогер во Египет бил осуден на казна затвор во времетраење од три години поради тоа што ги критикувал вооружените сили, потврди неговиот адвокат. Војската во Египет ја превзеде контролата во земјата по повлекувањето на лидерот Хосни Мубарак. Воената полиција го привела блогерот Маикел Набил на 28 март по натписите во кои ја критикува армијата. Минатата недела меѓународната „Хјуман Рајтс Воч“ апелираше за ослободување на Набил.