ЕК: Нерамномерно економско опоравување на Западен Балкан

Европската комисија во најновата проценка утврди дека економското опоравување на Западниот Балкан во минатата година било нерамномерно, бидејќи во Србија растот на бруто домашниот производ (БДП) достигнал „скромни 1,8 проценти“ а во Хрватска дошло до опаѓање на БДП од 1,2 отсто. Во истиот тој период „Албанија ја надминала кризата без рецесија и достигнала раст на бруто домашниот производ од дополнителни 5,7 отсто и во последното тромесечие во 2010 година, а во целата година 1,4 процент„, пренесува БТА. Според проценките на Комисијата, БДП во 2010 пораснал за 0.7 проценти во Македонија а во Босна и Херцеговина за 0,9 насто.