Прво јавно судење на италијанскиот премиер Берлускони

Премиерот на Италија Силвио Берлускони денеска пред судот во Милан се бранеше од обвиненијата за измама поврзана со неговата медиумска империја. Случајот е еден од три судења кои се поврзани со италијанскиот медиум „Медиасет“. Премиерот одбива било каква инволвираност. Неговото сведочење пред судот е прво јавно судење во изминативе осум години. Берлускони е исто така обвинет дека плаќал за секс со малолетничка, по што го користел своето влијание за да го прикрие инцидентот.