За проблемите на Кабулска банка, виновни странските советници, изјави Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска изјави дека тој работи на реформирање на проблематичната Кабулска банка, но оти голем дел од одговорноста за проблемите лежи и во странските советници. Карзаи додаде дека сите акционери на банката се отстранети и мора да ги вратат парите или ќе се соочат со кривично гонење.