Претседателот Иванов во официјална посета на Унгарија

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов од денеска престојува во дводневна официјална посета на Унгарија. Во рамките на посетата се предвидени средби со Претседателот Пал Шмит, Премиерот Виктор Орбан, со Претседателот на Парламентот Ласло Ковер, како и со градоначалникот на Будимпешта, Иштван Тарлош. Предвидено е Иванов да се сретне и со претставници на македонската заедница во Унгарија, како и со студентите кои како главен предмет го изучуваат македонски јазик.