Груевски го повика Црвенковски да се врати во Собранието

Ако лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски е против бојкот, нека дојде во Парламентот и нека не прави бојкот, изјави денеска од Охрид премиерот Никола Груевски, коментирајќи ја вчерашната изјава на Црвенковски дека и тој не бил за бојкот. „Најдобар коментар е она што го слушам денеска од граѓаните кои се чудат како е можно некој со месеци да прави бојкот и може да каже дека е против бојкот“ рече Груевски. Прашан дали изборите би имале одредени импликации во однос на реформите во интегративниот процес, премиерот Груевски рече дека Владата има цврст договор оти за време на изборите не смее да има заостанување на реформите.