Јужна Африка ги вооружува најрепресивните режими во светот?

Јужна Африка извезува оружје вредно милиони долари за најрепресивните режими во светот, јавуваат медиумите во Јоханесбург, повикувајки се на таен владин документ. Во медиумските извештаи се тврди дека јужноафриканските власти им продавале оружје на пет од десетте најмалку демократски земји во светот. Меѓу тие држави наводно се Алжир, Азербејџан, Бахреин, Кина, Либија, Пакистан и Саудиска Арабија.