Реакција на Хамас: Палестинците не сакаат насилство

Билборди за подршка на Хамас поставени во Газа

Лидерството на Хамас е заинтересирано за прекин на судирите со Израел, соопштија од организацијата во појасот Газа. Палестинците не се заинтересирани за ескалација на насилството, изјави портпаролот на Хамас Сами Абу Зухри, како реакција на изјавата на израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак, кој сигнализираше дека неговата земја е подготвена за прекин на огнот. „Ако тие престанат да пукаат кон нашите заедници и ние ќе прекинеме со огнот“ изјави Ехуд Барак во интервју за израелското радио. Насилството меѓу двете страни ескалираше по нападот на израелски автобус кој превезувал ученици, во кој еден тинејџер беше тешко ранет. Од тогаш 19 палестински милитанти и цивили загинаа во неколку инциденти.