Обединетите нации загрижени за состојбата во Сирија

Шпефот на Обединетите нации Бан Ки Мун му изразил загриженост на сиријскиот претседател Башар ал Асад за немирите во неговата земја. Посебно загрижувачки за ОН се извештаите за стрелање на 17 лица во градот Дара и убиство на уште десетмина антивладини демонстранти во околните села. Нови инциденти настанаа во саботата, на погребалната церемонија на жртвите од петокот. Како што тврдат демонстрантите, војската убила едно лице а двајца се повредени.