Заврши реконструкцијата на охридскиот аеродром

илустрација

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска ќе се одржи свеченост по повод завршувањето на реконструкцијата на аеродромот од страна на турската компанија „ТАВ“. На свеченоста, како што информираат од фирмата, ќе се обратат премиерот Никола Груевски и претседателот и главен извршен директор на ТАВ Аеродроми, Сани Сенер. „ТAV Airports Holding“ го презеде управувањето со македонските аеродроми во март 2010 година.