Полска лута на Русија на годишнината од смртта на Качински

Покојниот Лех Качински

Кавга изби меѓу Русија и Полска на годишнината од смртта на полскиот претседател Лех Kачински, кој заедно сo уште 95 – мина загина лани во авионска несреќа на руска територија. Полските власти се лути поради тоа што на спомен обележјето на местото на несреќата во Смоленск не е наведено дека Качински патувал кон Русија на комеморација во Катјин, каде советските сили убија 22,000 полски функционери во 1940 година. Полскиот претседател Бранислав Коморовски би требало да разговара за ова со неговиот руски колега Димитриј Медведев во понеделник, кога ќе го посети местото на несреќата.