Сиријските вооружени сили стрелале кон демонстрантите во Дара

од вчерашните протести

Сиријските вооружени сили стрелале кон демонстрантите кои во Дара организираа погребален марш во чест на дваесетмината загинати во вчерашните протести. Амар Кураби, првиот човек на сиријската Национална организација за човекови права изјави дека десетици се ранети во инцидентот. За сега нема дополнителни информации за настанот. Сиријската влада воведе строги рестрикции за медиумско покривање на овие настани. Градот Дара е центарот на антивладините протести преку кои се бара политичка реформа.