Турција е „светски лидер“ по бројот на затворени новинари

Турција е „светски лидер“ според бројот на новинарите во затворите, се наведува во извештајот на Меѓународниот институт за печат (МИП). Во соопштението на Институтот, објавено врз основа на извештај на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, се наведува дека во моментов 57 новинари се наоѓаат во затворите во Турција. Како споредба се споменуваат Иран и Кина, каде во декември имало по 34 новинари во затворите. „Додека Иран и Кина беа на чело на списокот во декември, Турција, која е кандидат за членство во Европската унија, двојно ја зголеми таа бројка пет месеци подоцна, со што се отвори прашањето за заложбите на земјата за слобода на печатот и легитимноста на нејзиниот демократски имиџ“ пишува консултантот на Институтот Стивен Илајс, во напис објавен на интернет страницата на МИП.