Референдум за расчистување на државните долгови на Исланд

Жителите на Исланд денеска гласаат на референдум за предложеното подмирување на долговите на земјата кон Обединетото Кралство и Холандија, кои се проценуваат на 5 милијарди американски долари. Долгот настана во 2008 година во екот на светската финансиска криза, кога колабрираше исландска банка која обезбедуваше штедни планови за жители на Британија и Холандија. Сличен референдум се одржа во март на кој мнозинството жители на Исланд гласа против.