Демонстранти се забарикадирале на плоштадот во Каиро

од протестите на први април

Демонстранти палеа коли и се забарикадираа на главниот плоштад во Каиро денеска, откако египетските безбедносни сили ги растурија синоќешните протести, при што повредија десетмина. Насобраните бараат оставка на првиот човек на војската Маршалот Мохамед Тантави, кој е привремен лидер на Египет, по протестите поради кои претседателот Хосни Мубарак отстапи од функцијата. Од војската соопштија дека вчеравечер растуриле протести на „злосторници“.