Погребални церемонии за загинатите во протестите во Сирија

од протестите во петокот

Жителите на градот Дара во југот на Сирија денеска се подготвуваат за нова серија насилства додека анти-владините демонстранти се организираат за погребување на жртвите од немирите во петокот. Најмалку 22 лица загинаа во судирите со вооружените сили во центарот на градот и околните села. Продавниците во Дара се затворени а улиците се празни во очекување на нови инциденти.