Кина забранува увоз на земјоделски производи од Јапонија

Кина ќе забрани увоз на земјоделски производи од 12 области во Јапонија. Државната новинска агенција Хсинхуа не наведува за кои области станува збор. Неколку други земји воведоа слична забрана од деловите на Јапонија во близина на нуклеарната централа Фукушима која по оштетувањето од цунамито почна да испушта радиоактивни материи.