Египетските сили против демонстрантите во Каиро

Египетските безбедносни сили денеска стрелале во воздух за да ги растераат стотиците демонстранти кои останале на плоштадот Тахрир во Каиро по вчерашните најголеми демонстрации во Египет во изминативе 30 дена. Војската владее во земјата откако со протести претседателот Хосни Мубарак беше принуден да си замине од функцијата. На вчерашните демонстрации, беа извикувани пароли против шефот на армијата маршалот Мохамед Тантави.