Баросо и Филе денеска во Македонија

Баросо и Филе во Сараево

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за проширување Штефан Филе во текот на денешната посета на Македонија ќе разговараат со шефот на држвата Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, како и со лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДУИ Али Ахмети. Се очекува теми на разговорите да бидат политичкиот дијалог и решавањето на спорот со Грција за името. Баросо во Охрид ќе одржи предавање на тема: ..На пат кон Европската унија, партнери во реформите за наша заедничка европска иднина,,. Баросо и Филе во текот на турнејата по Запaдeн Балкан, претходно ги посетија Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.