ОБСЕ го презентира извештајот за состојбата на Ромите.

Шуто Оризари - Скопје

Македонија има постигнато голем напредок на полето на законодавството во врска со подобрувањето на ситуацијата на Ромите и има политичка волја тие да се имплементираат и овој дел од населението да има поквалитетни услови за живот. Сепак она што недостасува е преземање реални практични чекори, поголеми средства за нивна примена и подобра координација меѓу институциите и домашните и меѓународните организации кои се занимаваат со ова прашање.
Ова се накусо оценките во Извештајот за состојбата со спроведувањето на Акцискиот план на ОБСЕ во земјава за подобра интеграција на Ромите во општеството. Координацијата е многу важна и бара поголемо внимание, рече вршителot на должност шеф на Мисијата на ОБСЕ во Македонија Наталија Дрозд, која презентираше дел од заклучоците од Извештајот.