Земјотрес во Мексико, нема информации за жртви

Земјотрес со сила од 6,5 степени според Рихеровата скала го погоди Мексико денеска, потврдија тамошните власти. За сега нема информации за жртви и штети во потресот кој го потврдија и американските власти. Епицентарот е одреден на 630 километри југоисточно од главниот град. За сега нема опасност од цунами бранови, соопштија од пацифичкиот центар за тревожење.