Нов земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија денеска. Според проценките на Aмериканската геолошка обсерваторија потресот бил со сила од 7,4 степени на рихтеровата скала. За сега нема информации за штети и жртви. Предупредување за цунами бранови било издадено но за сега нема официјална потврда на оваа информација. Станува збор за потрес кој е за неколку срепени послаб од мартовскиот, кој беше проценет на 9 степени според Рихтер. Во тогашната природна катасатрофа, проследена со цунами бранови, загинаа илјадници лица а беше предизвикана и нуклеарна криза по оштетувањето на нуклеарната централа во Фукушима.