НАТО демантира уништување на нафтовод во Либија

НАТО демантираше дека бомбардирале нафтовод во Либија и соопшти дека силите лојални на лидерот Муамар Гадафи се виновни за предизвиканата штета. Станува збор за нафтеното поле Сарир, каде се наоѓа нафотоводот кон Медитеранот. Либијските бунтовници претходно потврдија дека лојалистите на Гадафи го уништиле нафтоводот. Во меѓувреме, војската во северноафриканската земја почна ново бомбардирање на градот Мисрата, кој е под власт на анти – владините демонстранти. Најмалку петмина загинале додека 25 лица се повредени.