Шестмина полицајци убиени во напад на милитанти во Авганистан

Бомбаши самоубијци нападнале полициска станица во провинцијата Кандахар, соопштија авганистанските власти. Шестмина полицајци загинале во инцидентот. За сега не се знае за колкумина напаѓачи станува збор. Авганистанските власти потврдија дека тројца бомбаши се самоубиле, додека двајца стрелале кон објектот. Талибанските милитанти ја презедоа одговорноста за нападот.