ССНМ - придружен член на Меѓународната федерација на новинари

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) е примен за придужен член во Меѓународната федерација на новинари. Одлуката, како што информираат од Синдикатот, ја донел извршниот комитет на организацијата на состанокот кој се одржал на 19 март во Брисел. Статусот на придружна членка на ССНМ му ги овозможува сите услуги кои ги нуди Меѓународната федерација на новинари, освен правото да гласа на конгресите кои се одржуваат на секои три години. Тоа значи дека синдикатот ќе може да побара секаков професионален совет од федерацијата, членовите преку ССНМ ќе може да побараат членска книшка, а ќе може да се аплицира и за дополнителни обуки поврзани со медиумите.