Бан ки Мун на разговори во Вашингтон

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денеска е во Вашингтон на разговори со американскиот државен секретар Хилари Клинтон за повеќе светски прашања, е соопштено во седиштето на Светската организација во Њујорк. Тој последен пат беше во Вашингтон во февруари годинава на разговори со претседателот Барак Обама за ситуацијата во Либија.