СДСМ: За 55 дена 43 илјади нови гласачи во Избирачкиот список

СДСМ смета дека прочистувањето на Избирачкиот список е еден од основните предуслови за слободни, фер и демократски избори и забележува на зголемениот број гласачи запишани на листата. Дане Талески, член на извршен одбор на партијата денеска на прес-конференција потсети дека неодамна министрите за внатрешни работи и за правда Гордана Јанкулоска и Михајло Маневски информираа дека Избирачкиот список е прочистен и во него има еден милион и 792 илјади гласачи, а заменик претседателот на ДИК Субхи Јакупи вчера го демантираше тоа посочувајки дека има 43 илјади гласачи повеќе од објавената бројка. „Само за 55 дена во наводно прочистениот Избирачки список, се појавија плус 43 илјади гласачи“ рече Талески.