Договор за двојно оданочување меѓу Македонија и Косово

Зоран Ставревски

Делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе престојува во официјална посета на Косово.
За време на посетата тој ќе се сретне со вицепремиерот на Владата на Косово Мимоза Кусари и со косовскиот министер за финансии Бедрик Хамза.
Министерот за финансии Ставревски во Приштина ќе потпише и договор за избегнување на двојното оданочување.