Либијските бунтовници го критикуваат НАТО

Командантот на либијските бунтовнички сили Абдел Фатах Јунис

Командантот на либијските бунтовнички сили Абдел Фатах Јунис го критикуваше НАТО дека со забавените операции им овозможува на владините сили да убиваат цивили. Според него, доколку НАТО не си ја ивршува работата прoписно, тогаш опозиционите борци ќе побараат од Советот за безбедност на Обединетите нации да ја суспендира работата на Алијансата. Советот за безбедност во минатиот месец дозволи воздушни напади со цел стопирање на силите на Гадафи да убиваат цивили кои се бунтуваат против неговото владеење.