Гбагбо одбива да ја напушти претседателската функција

Лорен Гбагбо

Претседателот во заминување на Брегот на Слоновата Коска Лорен Гбагбо синоќа изјави дека не ја признава изборната победа на неговиот политички противник Аласан Уатара. Со тоа тој го отфрли предлогот на Франција и на ОН да потпише документ со кој ќе се откаже од власта, ќе отстапи од претседателската функција и ќе го признае Уатара за претседател на државата. Скандалозен е фактот што за судбината на една држава се решава со партија покер што ја водат странци, истакна Гбагбо, додавајќи оти сака и кај едните и кај другите да преовлада разумот и да се разговара за сите прашања. Тие не сакаат да седнат на маса, затоа што сметаат на странските воени сили, нагласи Гбагбо, алудирајќи на Уатара.
Инаку, во судирите во оваа земја во последните неколку дена, според Високиот Комесаријат за човекови права на ОН, загинале неколку десетици луѓе. Африканската Унија вчера го осуди кршењето на човековите права во Брегот на Слоновата Коска и повика на заштита на цивилите.