Почнува судењето на Силвио Берлускони

Силвио Берлускони

Денеска во Милано треба да почне судењето на италијанскиот премиер Силвио Берлускони, кој е обвинет дека ја злоупотребил службената должност и и плаќал на малолетната Мароканка Карима ел Маруг, наречена Руби, за сексуални услуги. Берлускони најави дека нема да се појави на почетокот на процесот поради порано преземени обврски, а и затоа што денешниот ден ќе биде посветен најмногу на процедурални прашања. Инаку, вчера долниот дом на италијанскиот парламент усвои резолуција која има цел да се избегне судењето на Берлускони, односно бара од Уставниот суд да реши кој треба да му суди на премиерот, сметајќи дека судот во Милано не е овластен да го прави тоа.