Српскиот претседател Тадиќ во посета на Франција

Борис Тадиќ

Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска ја почнува тридневната посета на Франција. Предвидени се негови средби со францускиот претседател Никола Саркози, со премиерот Франсоа Фијон и со претставници на парламентот на оваа земја. Најавено е дека за време на посетата на Тадиќ ќе биде потпишана спогодба за стратегиско партнерство меѓу двете земји.