Цивили загинале во напад на НАТО, тврдат авганистанските власти

Авганистанските власти соопштија дека силите на НАТО убиле шестмина цивили во напад во северниот дел на земјата. Мајкл Џонсон од командата на Алијансата потврди дека имало операција, но додаде дека силите на НАТО биле нападнати, по што реагирале против напаѓачите. Цивилните жртви во напади на северноатланската организација стануваат се` погорлив проблем во Авганистан.