Казна затвор за косовски градоначалник

Судија од Европската унија денеска му изрече затворска казна на градоначалникот на Сува Река во јужниот дел на Косово поради неговото противење за учество во истрага за криминал. Мисијата на Унијата во Косово ЕУЛЕКС соопшти дека градоначалникот Блерим Куки неколку пати одбил да одговори на прашањата на обвинителот во врска со истрагата за криминален случај. Инаку, Куки е член на партијата на поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај.