Пристигна танкерот на пристаништето во Либија

илустрација

Танкер пристигнал на либијско пристаниште за извршување на првиот извоз на нафта од северноафриканската земја од Март годинава. Медиумите јавуваат дека танкерот пристигнал на терминалот Марса Ел Харига , близу градот Тобрук кој е под контрола на бунтовниците. Над илјада барели нафта би требало да бидат товарени на бродот, кои најверојатно ќе бидат превезени до Катар.