Баросо: Заморот од проширувањето на ЕУ е мит

Жозе Мануел Баросо

Заморот од проширувањето или мислењето дека некои земји-членки на Европската унија нема да им дозволат на нови држави да влезат во сојузот е мит, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, пред посетата на земјите од регионот на Западен Балкан. Баросо и еврокомесарот за проширување Штефан Филе планираат да ги посетат Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора во периодот од 7 до 9 април. „Често пати слушам за заморот од проширување. Според мене тоа е мит, како снежниот човек - често се говори за него, но никој не го видел. Ајде заедно да се бориме против тој мит со помош на реформи, кои се во корист на граѓаните“ рече Филе.