Шулц: Резолуцијата за напредокот на Македонија е валидна

Зоран Талер

Извештајот и резолуцијата на Европскиот парламент за напредокот на Македонија е валидна, иако таа беше изготвена од страна на Зоран Талер кој мораше да поднесе оставка поради обвиненијата за корупција, смета германскиот европратеник и претседател на парламентарната група на Прогресивниот сојуз на Социјалистите и Демократите во Европскиот парламент Мартин Шулц. Влијанието што го имаше Талер врз содржината на резолуцијата ќе останe. Фактот што тој направи грешки не менува ништо во текстот на резолуцијата. За време на неговото присуство овде во Европскиот парламент, тој придонесе со неговите доволно прифатливи идеи за работата на нашата група. Што се однесува до Зоран Талер, јас лично навистина жалам за тоа што се случи. Лично имав многу добри односи со него и бев навистина многу, многу шокиран и разочаран, вели Шулц во изјавата за Дојче Веле. Осврнувајќи се на новиот времен известувач во Европскиот парламент за Македонија бугарскиот европратеник Кристиан Вигенин, кој исто така е од редовите на Социјалистите и Демократите, Шулц вели оти е професионалец.