Напади врз претседателската резиденција во Абиџан

Силите лојални на меѓународно признатиот лидер Аласан Оутара ја нападнаа претседателската палата на Брегот на слоновата коска, која се уште е окупирана од силите лојални на Лаурент Гбагбо, кој одбива да ја предаде власта. Жителите на главниот град на земјата Абиџан, кои живеат во близина на претседателската резиденција избегале од своите домови. Обединетите нации сопштија дека лојалистите на Гбагбо напаѓале претставници на светската организација и цивили. Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеи Лавров денеска ја оспори употребата на сила од страна на припадниците на Обединетите нации, тврдејки дека нивната мисија е да останат „неутрални и непристрасни“. Од светската организација повикаа на прекин на огнот.