Нови протести во Јемен, полицијата стрела кон демонстрантите

Вооружените сили во Јемен стрелаат кон анти-владините демонстранти во градот Таиз во југот на земјата, потврдија очевидци. Насилството се случува еден ден откако 19 лица загинаа а стотици беа ранети во протести низ целата земја. Денеска нема информации за жртви, но сведоците потврдуваат дека неколкумина се повредени. Судири се случуваат и во пристанишниот град Худаида. Повеќе од 150 лица загинаа од февруари до денес во протестите преку кои се бара оставка на претседателот Али Абдула Салех. Шефот за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон му порача на Салех да отстапи од функцијата, тврдејки дека „транзицијата мора да почне сега“.