Еден преживеан во авионската несреќа во Киншаса

Архива: Авионска несреќа во Киншаса во 2007 година

Еден човек ја преживеал авионската несреќа во Демократска Република Конго, во која загинаа 32 други луѓе, меѓу кои и мировници и персонал на ОН, соопшти светската организација. Несреќата која се случи вчера во Киншаса е опишана како една од најлошите катастрофи при транспортот на мировници на ОН. Според очевидците, авионот се распаднал при ударот во пистата, обидувајќи се да се приземји во услови на пороен дожд. Во мисија на ОН во Конго, учествуваат повеќе од 19 илјади мировници.