Камерон за „нов почеток“ меѓу Британија и Пакистан

Дејвид Камерон

Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, за време на денешната посета на Исламабад, се очекува да повика на „нов почеток“ во односите меѓу двете земји. Камерон веќе пристигна во Пакистан, девет месеци откако предизвика дипломатски спор, кога за време на посетата на ривалската Индија ги обвини пакистанските власти за неуспехот сериозно да се справат со извозот на тероризам. Ова е прва официјална посета на британскиот лидер на Пакистан, откако тој ја презеде функцијата премиер во мај минатата година.