Претседателот на Иран ги отфрли критиките на арапските земји

Махмуд Ахмадинеџад

Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад денеска ги отфрли критиките на арапските држави, дека официјален Техеран се меша во внатрешните работи на Куваит и Бахреин. Критиките се резултат на притисокот на Соединетите американски држави и нивните сојузници, смета претседателот. Во неделната министрите на неколку арапски држави одржаа средба во Саудиска Арабија на која се разговарало за, како што беше соопштено „безобразното мешање на Иран во Кувајт“.