Бугарскиот претседател го критикува бавното проширување на ЕУ

Бугарскиот претседател Георги Пaрванов упати критики до Евроспката унија за спориот напредок во процесот на проширување кој би ги опфатил и земјите од западен балкан. „Ако сакаме да постои силна Европа и ако сакаме Eвропа да биде фактор со светска важност, Европа не смее да ги изостави земјите од западен Балкан“ рече Прванов на прес конференција во Софија. Од седумте земји од поранешна Југославија, само Словенија стана членка на Европската унија, додека Хрватска се надева дека ќе заврши со предпристапните преговори до крајот на годинава.